Постизборни анализи и оценки, панел дискусија и прес конференција на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија и прес конференција на тема „Постизборни анализи и оценки“ во хотел Парк Резиденс (зад градскиот стадион), денеска, 16 јули, со почеток во 14 часот

Учесници на панел дискусијата се Јасна Бачовска, Сашо Орданоски и Висар Адеми, а ќе ја води Биљана Јордановска. По кратка кафе пауза, во 15 часот ќе се одржи и прес конференција со оценки на изборниот процес со истакнување на главните наоди на организацијата од изборниот мониторинг. Настанот ќе се пренесува во живо, на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email