„Обединети за Македонија“ ќе протестираат ако Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор

Членовите на партијата „Обединети за Македонија“ од следната недела ќе протестираат ако не биде ослободен од понатамошно издржување на затворската казна, претседателот на партијата Љубе Бошкоски. Според неговите сопартијци, Бошкоски ги исполнува сите услови за да добие помилување од три месеци, и тоа е право кое го добиле сите осудени лица.

Бошкоски ја издржува петгодишната затворска казна за контроверзниот случај „Кампања“, во кој е осуден за зло­у­пот­ре­ба на службената положба и за незаконско финансирање на кампањата.

Љубе Бошкоски

Потпретседателот на „Обединети за Македонија“, Марјан Огњановски денеска пред Министерство за правда вели дека власта практично признава дека „ќе одат на избори, само ако не излезе Љубе Бошкоски од затвор“. Тој тврди дека високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ испратиле порака до директорот на затворот, Живко Пејковски, по никоја цена да не дозволи Бошкоски да излезе Љубе од затвор пред одржувањето на изборите.

„Стравот оди дотаму што директорот Пејковски, злоупотребувајќи ја службената положба, му го ускратува законското право на Бошкоски, на скратување на затворската казна од три месеци, право што досега го добиле сите осудени лица. Досието на Бошковски е беспрекорно и има препорака од Судот во која се вели дека нема пречки за негово ослободување“, изјави денеска Огњановски.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian