МОЛК - АРТ ФИЛМ И ПЕРФОРМАНСИ НА МАЈА СТЕФАНОВСКА

Арт филм и перформанси на Маја Стефановска, во рамки на проектот „Проговори!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права и солидарноста, во имплементација на ЦИВИЛ. 

Во рамки на проектот „Проговори!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права и солидарноста, се снима арт-филмот „Молк“ на Маја Стефановска. Во текот на снимањето на филмот, авторката на филмот досега имаше три перформанси, од кои еден беше во Клубот на новинарите на 17 јули за време на настапот на новинарскиот бенд Репортери.

Перформансот на Маја Стефановска се состои во тоа што таа, со фластер на устата и слика свртена наопаку, се појавува на различни локации во Скопје. Овие перформанси, како и на арт-филмот „Молк“, меѓу другото, претставува остра критика на молкот на уметниците и интелектуалците во општеството.

Наскоро, се подготвува последната клапа од арт-филмот кој е замислен како последен од низата перформанси на авторката Стефановска.

Проектот „Проговори!“ го спроведува ЦИВИЛ, а го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија и трае од април до декември 2013 г.

 

Прочитајте повеќе за проектот ТУКА.

 

Од перформансот на Маја Стефановска во Клубот на новинарите, 17 јули 2013:

Print Friendly, PDF & Email