Македонија: Преглед на настани (30 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (30 јуни 2016 година): Нелегитимни избори за претседател на СПУКМ || Специјални полициски сили ги нападнаа студентите  || Национална конференција за граѓански активизам || Алтхаузер: Да се биде дел од ЕУ е како да се биде дел од големо семејство || ВМРО - ДПМНЕ: Судството работи по наредби || Меѓународната заедница загрижена за ситуацијата во Македонија || Пратенички прашања без опозицијата  || САД може да им забрани влез на корумпирани македонски политичари

timeline

Нелегитимни избори за претседател на СПУКМ

13556079_1278105452217635_1443831779_o

На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” се одржaa избори за претседател на Студентскиот парламент. Изјаснувањето на студентите започна во 9.00 часот, со голем број на прекршувања и без основни услови за одржување на фер и демократски избори. Гласачките ливчиња се флаери без печат, нема паравани за да се обезбеди тајноста на гласањето, гласачките кутии се обложени со бела хартија, а  се водеше и интензивна „црна кампања“, против поддржувачите на Студентскиот пленум. Земајќи ги во предвид овие неправилности, поддржувачите на Студентскиот пленум, точно напладне го бојкотираа изборот.

Специјални полициски сили ги нападнаа студентите

Специјални полициски сили доцна синоќа насила ги влечеа студентите што се спротивставија на изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот " Св. Кирил и Методиј" со обвинение дека се лажирани. Во инцидентот има и полесно повредени студенти. Претставници на Студентскиот пленум цело попладне го блокираа влезот на Студентскиот парламент во близина на студентскиот дом "Кузман Јосифовски - Питу", во обид да се спречи броењето на гласачките кутии што претходно насилно биле грабнати од Правниот факултет.

Национална конференција за граѓански активизам

db785772-ba7d-4278-b8ec-2d055cf50cc7

Националната конференција „Europe, my country“ (Европа, мојата земја), започна со панел дискусијата на тема: „Активно граѓанство- тренд или обврска?“ Панелистите кои зборуваа на оваа тема беа Ана Јовковска, граѓанска активистка и новинарка и политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски. На крај свое обраќање имаа Н.Е.  Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија и Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ.

Алтхаузер: Да се биде дел од ЕУ е како да се биде дел од големо семејство

img_2792-470x246

„Европската унија има многу да понуди. Да се биде дел од Унијата, не е само да се искористат предностите од членството во истата, ние сме убедени дека ЕУ може да се развива во вистинската насока, само ако земјите се посветени на контрибуирање при имплементацијата на идеите и принципите“, изјави Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија

ВМРО - ДПМНЕ: Судството работи по наредби

Судството донесе уште  една дириграна одлука со која продолжува хајката против ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска на прес конференција првиот човек на битолскиот огранок на владеачката партија, Борче Димитровски, откако скопскиот Апелационен суд вчера ја потврди одлуката за 30 дневен куќен притвор на грдоначалникот Владимир ТалескиНемаше одговор кој ќе ги потпишува општинските акти, финансиските трансакции, но и како ќе се исплати јункста плата за општинската администрација, додека тече куќниот притвор за Талески. За да не се доведе во прашање работата на Општина Битола, советниците од опозицијата, пак,  денеска побараа оставка од градоначлникот, а поднесоа и иницијатива за ова да се дебатира на наредната седница на Советот во јули.

Меѓународната заедница загрижена за ситуацијата во Македонија

eu

Меѓународната заедница  е загрижена заради застојот во реформите во судството и обвинителството со кои тие треба да се деполитизираат. Затоа се интензивираат средбите на амбасадорите со претставниците на судската власт и се испитува какви се шансите да се применат итните реформи  од Извештајот на Прибе за судскиот систем.

Пратенички прашања без опозицијата

Премиерот Емил Димитриев, кој за првпат од доаѓањето на функцијата денеска одговараше на пратенички прашања, имаше прилично лесен ден. Во отсуство на пратениците од опозицијата, Димитриев и неговите министри имаа работа само со "конструктивните" пратеници од владејачкото мнозинство, кои како што порачаа, само ги пренесуваат прашањата од граѓаните.

САД може да им забрани влез на корумпирани македонски политичари

Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, согласно Претседателскaтa декларација 7750. Ова дел од  одговорот на амбасадата на САД  во земјава, на прашањето  на 24 Вести дали  Миле Јанакиески е одбиен за американска виза.  „И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Согласно Претседателскaтa декларација 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори.

 

 

 


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]

Print Friendly, PDF & Email