КАНДИД(АТУРА) ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Во суштина, светот има само две перспективи: првата е тиранија, нешто што Вие од запад го викате тоталитаризам, а второто е лудило и анархија, нешто што Вие на Запад го викате демократија
Анушка Цветковска

Во тиранијата само еден е умен и мисли логично, а другите работат, го слушаат и му се воодушевуваат; во демократијата сите мислат логично, така што веќе нема глупи; а кога нема глупави, кога сите се прават умни, светот станува лудница.“ – рече мојот учител, Венко Андоновски.

imagesИзминативе месеци, всушност месеци наназад, нашата Македонија е чудесна. Не дека таа не е исконски чудесна, но денес, таа е мистерија како никогаш досега. Има или не политичка криза, ќе има ли избори, до кога ќе истрае отпорот ? Со овие прашања ни почнува и завршува денот, овие прашања не засегаат сите.  Аналитичарите пак, координативните тела и избирачките одбори, нив  ги знаеме како стих наизуст.

Навестувањето избор, можноста да избираш, по дефиниција подразбираат слобода, право, прогрес.

Како политички бидувања, нам сосема природен и спонтан би требало да ни е чинот на избирање една од понудените политички опции.

Закажан датум за локални избори, предизборно промовирање на идни татковци на нашите општини од едните. Во исто време пак, бојкот , незадоволство и условување од другите.

Во exel шаблоните наречени ВМРО и СДСМ заробени се нашите јунаци. Ниту да мрднат, ниту да ѕирнат надвор.По проверенa формула пресметале, што е сигурно, сигурно си е. А надвор, тука во меѓупросторот,во неговиот хаос ние расфрлани, некаде на средина, а всушност никаде.

Лево или десно, е вечна дилема.  Десно, кафез силни лавови,а  лево, лево си е лево. Бледи и троми ветувања. Гладни, а ништо не посеано ваму лево. И сега каде се тие наши јунаци, а каде сме ние?  Никој од нас не знае. Оние што не се за ВМРО се молат само и СДСМ да не се претворат во споменици, во цркви и храмови.  Оние пак што веруваат во ВМРО, ја гледаат Македонија изградена , идентификувана , своја. Каква ли е оваа моја чудесна Македонија?

Каков ќе е исходот, кој ќе ни дојде, кој ќе не заштити, неизвесно е. Но, едно е сигурно.

Скривниците не се решение. Во војна ќе се засолниш, но таа во тој момент не завршува.  Од милион цркви изградени, во ниедна нема мирот да го најдеме.  Веќе ни светото лице , поп Д не верува и не се моли во оваа институција. Се моли: “Во името на лап топот и телевизорот“.
Со секоја почит како кон светите храмови и свештените лица, така и кон новите технологии и медиуми, но не сум ниту за едните , ниту за другите. Јас сум единствено за чесниот суд, за будните чувари, за безбедните сокаци.

Затоа што дури и да верував, сега гледам како црквите, во ни малку наивен ритам, пропорционално со убиствата се градат.

Нека престанат.

Print Friendly, PDF & Email