Кампања: ДПА денеска е во Желино, „Алијансата на Албанците“ во Кичево, СДСМ во Гевгелија, ВМРО- ДПМНЕ во Штип

На политичките партии им останаа уште осум дена од изборната кампања, во кои, преку митинзи и средби со граѓанките и граѓаните, можат да им ги претстават изборните програми

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе има митинзи во Свети Николе во 17,30 часот и во Штип во 20 часот.

СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, ќе гостуваат во Валандово во 17.30 часот и во Гевгелија во 19 часот.

„Коалицијата за промени и правда“ ќе одржаи митинг во Гевгелија во 18 часот.

Демократската партија на Албанците денеска ќе има митинг во Желино во 18 часот. „Алијансата за Албанците“ денеска ќе има митинзи во Долнени во 18 часот и во Кичево во 19 часот.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian