#JeSuisParis

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја изразува својата згрозеност од терористичкиот напад и масакрот на цивилите во Париз. ЦИВИЛ го упатува своето длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите, како и нашата солидарност со сите граѓанки и граѓани на Република Франција и сиот мирољубив свет.

#jesuisparis

Членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, како и активистите, новинарите и претставниците на граѓанското општество од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Крушево, Дебар и Ресен, собрани на семинарот „Биди граѓански новинар“ во Битола стојат исправени, во знак на поддршка и солидарни со француските граѓанки и граѓани и повикуваат на љубов, мир и мудрост во светот.

Злото кое што го носи тероризмот со себе ги засегнува сите луѓе на овој свет, без оглед на тоа каде се случуваат поединечните акти на безумно насилство и терор.

Ние, активист(к)ите за човекови права и слободи, активист(к)ите за мир, денеска гласно и јасно извикуваме: Ние сме Париз! Ние не се плашиме!

#WeAreNotAfraid

Print Friendly, PDF & Email