Десетици лични карти издавани на денот на изборите во Прилеп и Охрид!

На 11-ти декември, денот на изборите многу граѓан(к)и излегуваa со лични карти, од управните служби на полициските станици во Прилеп и Охрид. Како што пишува Грин ЦИВИЛ, според информациите од МВР, ова е нормална процедура за граѓани, чии лични карти се со поминат рок на важност, и за оние кои кои во редовна процедура поднеле барање, па документите им биле готови ден пред или на денот на изборите. Но, она што го регистрираа набљудувачи на ЦИВИЛ-Центар за слобода, отвора една друга перспектива, која упатува на сомнежи за повторна манипулација на социјално загрозени граѓани од одредени политички партии.

lichni-karti-pred-politsija

Во Охрид, според набљудувачите на ЦИВИЛ, им се издавани лични карти на одредени граѓани - бесплатно. Изворите на ЦИВИЛ тврдат дека тоа било случај и во Прилеп, каде е регистриран зголемен број лица, кои во периодот меѓу 13 и 14 часот, излегуваа од полициската станица.

„Пред полицијата беше паркиран џип од една партија, но и патничко возило, за кое е потврдено дека се занимава со лихварство. Оваа беше ситуација којашто ја набљудувавме во петокот. Граѓаните доаѓаа пред полиција, лице од џипот им даваше комплет документи, барање со платена сума, што значи покриени трошоци за лична карта и тие документите ги носеа во полиција. А, кога ги земаа документите во неделата, му ги предаваа на еден советник. На ова сум јас очевидец“, тврди изворот на Грин ЦИВИЛ.

Тој истакнува дека многу од овие граѓани имаат лични карти на адреси на кои не живеат. Екипа на ЦИВИЛ по пријави од набљудувачите, ги сними фотографии, кои потврдуваат дека од полициската станица излегуваат граѓани (жители на населбите Тризла и Три Багреми) со лични карти во рацете.

ЦИВИЛ од МВР очекува одговор, што точно се случуваше, пред полициските станици во Прилеп и Охрид изборниот викенд и секако, за точниот број на издадени лични карти, особено проверка на податоците дали овие граѓани, реално живеат или не живеат на конкретните адреси, наведени во личните карти.

Барањето е особено важно, затоа што одредени случаи упатуваат на сериозни сомнежи дека вработени во полициските станици во Македонија не ги извршуваат работните задачи во координација со нивните претпоставени во Министерството.

ЦИВИЛ пред изборите документираше случаи на граѓани, жители од населбата Три Багреми, кои не кријат дека им се издадени лични карти на адреси од напуштени куќи и на адреси од нив роднини.  

 

Print Friendly, PDF & Email