Жител на Центар по пет децении станал „спорен“!

Меѓу 39.502 спорни гласачи кои се најдоа на листата на Државната изборна комисија по теренската проверка, се наоѓа и сопругот на нашата соговорничка од скопската општина Центар,  која беше изненадена од посетата на тимот на ЦИВИЛ Медиа, со оглед дека никогаш во последните пет децении, немале никаков проблем со гласањето

Нашата соговорничка посочи дека прашањето дали нејзиниот сопруг живее на иста адреса во центарот на Скопје, како и во изминатите децении по скопскиот земјотрес, и дали редовно гласа, пред извесно време го поставиле и двајца млади луѓе кои не се индентификувале кога ја посетиле!?

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=7Hi8urPNL3E[/youtube]

ЦИВИЛ - Центар за слобода во континуитет ја следи работата на Државната изборна комисија, особено во сегментот на Избирачкиот список. Во повеќе наврати беше посочено на недоследностите на Избирачкиот список уште на самиот почеток, кога беше ставен на јавен увид на граѓанките и граѓаните, потоа, хаосот со теренската проверка и на листата на спорни гласачи. 

Голем број на граѓанки и граѓани посочија дека не веруваат дека нивните пријави ќе бидат процесирани.

Хаосот со листата на спорни гласачи покажа дека нивниот сомнеж бил оправдан, имајќи предвид дека пријавените случаи на фантомски гласачи, кои пристигнаа и на адресата на ЦИВИЛ, воопшто не се процесирани.

Дел оо пријавите може да се најдат и во публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, во издание на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email