ЦИВИЛ тргнува „Напред!“!

ЦИВИЛ - Центар за слобода, утре (среда) започнува со теренската реализацијата на проектот НАПРЕД! Проектот се спроведува на национално ниво во повеќе од  14 регионални центри на ЦИВИЛ. Првите градови кои утре ќе ги посети тимот на ЦИВИЛ се Велес, Кавадарци, Градско и Неготино.

Екипите на ЦИВИЛ утре од 11,00 часот ќе бидат на плоштадот во Велес и ќе ги информираат велешани за активностите во рамките на проектот „Напред!“. На нстанот ќе се делат триплети, ќе се мобилизираат идните набљудувачи од овој град и ќе се информираат сите заинтересирани за активностите на ЦИВИЛ.

Во периодот од 14,00 до 15,00 часот, екипите на ЦИВИЛ ќе бидат на плоштадите во Неготино и Градско, со истата агенда.

Од 16,00 до 18,00 часот, на плоштадот во Кавадарци, ЦИВИЛ сите присутни ќе ги информира за условите и можностите за краткорочните и долгорочните набљудувачи.

Forward logo MK 01

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти„Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.

Учествувајте во нашите активности за јакнење на јавната свест за правата на гласачите!

Print Friendly, PDF & Email