ЦИВИЛ: За слобода на изразувањето

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи мултимедијален настан „За слобода на изразувањето“ во среда, 1 јуни, со почеток во 20 часот, на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.

CLP skopje event poster L - CopyОвој настан на ЦИВИЛ е посветен на слободата на изразувањето, граѓанското новинарство и активизмот. На програмата е концерт на Амон Мра Бенд, диџејски сет на колективот на ЦИВИЛ (CIVIL Noise Selector), стихови на слободата (поетски перформанс) и видео проекции од прилози на граѓанските новинарки и новинари, објавени во рамките на проектот „Граѓански објектив“.

Со свои пораки за слобода на изразувањето ќе се обратат неколку претставници на ЦИВИЛ и гости на програмата.

„Се кине каде што е најтенко“, „Оти нема ЦИВИЛ во Америка“, „Шарена револуција“ се само дел од насловите на кратките видео прилози кои ги подготвија граѓанските новинарки и новинари кои известуваат за Шарената револуција, кршењето на човековите права, манипулациите со гласачкото право и социјалните неправди.


Настанот е во рамките на проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.
Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English