ЦИВИЛ оди НАПРЕД!

НАПРЕД! е комплексен, повеќеслоен проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, транспарентноста на финансирањето на политичките партии, мобилизација, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите во Република Македонија. Проектот содржи три главни компоненти: А. Мобилизација и обуки; Б. Набљудување, анализи и препораки; В. Јакнење на јавната свест. Проектот вклучува и голем број меѓусебно поврзани сегменти и серија од комплементарни активности со комбинирани методологии и пристапи.

Во овој проект ќе се обучат и ангажираат околу 200 акредитирани набљудувачи, тим на аналитичари и експерти и околу 1.000 граѓански набљудувачи. Проектот ќе допре до над 200.000 гласачи преку медиуми, онлајн активизам и директна комуникација со граѓанките и граѓаните.

Forward logo MK 01

Проектот се спроведува на национално ниво преку формирање тимови кои веќе ги мониторираат состојбите во сите општини во земјата, преку 14 регионални центри на ЦИВИЛ и тоа: Скопје, Куманово, Велес, Гостивар, Тетово, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, Струмица, Штип, Кавадарци и Кочани.

Проектот НАПРЕД!, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English