Жителите на „Карпош“ на протест

Жителите од општина Карпош, попладнево во 18,00 часот ја блокираа раскрсницата кај трговскиот центар „Сити Мол“,во знак на протест против прекумерната урбанизација на нивната општина.

Тие поставија неколку барања до градоначалникот и Советот на Општината како надлежни органи за донесување на ДУП-овите: стопирање на новите ДУП-ови за Општина Карпош, спречување на дел од ДУП за Градска четврт 306, поточно за ГП 5.44, со кој на местото на паркот на ул. „Букурешка“ ќе изникне зграда и суштинско интегрирање на граѓаните во одлуките кои влијаат на нивните секојдневни животи.

[huge_it_gallery id="9"]

По завршување на протестот, граѓаните марширајќи се упатија кон паркот на ул. „Букурешка“, каде  се одржа дискусија на жителите во врска со нивните актуелни проблеми и изнаоѓање решенија за   истите.

На протестот присуствуваа голем број граѓани од целата општина, а беше издигнато и големо пано, на кое беа испишани пораки до опш​тинските власти: Демократско право е - да имаш парк! Да дишеш чист воздух! Да обезбедиш иднина на своите деца! Да бараш од градоначалникот да работи во интерес на граѓаните!

Даниел Аврамов

Print Friendly, PDF & Email