Заедничка соработка на ЦИВИЛ и МВР за превенција од насилниот екстремизам

ЦИВИЛ – Центар за слобода и Министерството за внатрешни работи денеска потпишаа Меморандум за соработка и партнерство.

Меморандумот е долго подготвувана иницијатива за граѓанско учество и соработка со МВР во областите на борбата против радикализмот, насилниот екстремизам и различни аспекти на контролата на оружјето.

Ваквото партнерство и соработка на МВР ќе придонесе за поголемо присуство на граѓанските организации на терен преку едукација и експертиза во процесот на зголемување на довербата меѓу институциите и граѓанките и граѓаните, како и во заедничката борба против екстремизмот и тероризмот. 

Дел од оваа соработка меѓу ЦИВИЛ и МВР опфаќа прашања што се однесуваат на изборниот мониторинг и  на спречување на изборните нерегуларности и заштита на човековите права и слободи во контакт со полицијата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English