ВО ЖИВО: Демонстрациите се закануваат да излезат од контрола

Тимовите на ЦИВИЛ - Центар за слобода вечерва се на терен и јавуваат за развојот на настаните на скопските улици и низ Македонија. 

19:30 Во моментот скршено е стакло на Народната канцеларија на Ѓорге Иванов. Фрлени се цврсти предмети и запалливи материјали. Демонстрантите кои протестираат против неговата вчерашна одлука извикуваат „Нема правда нема мир“.
Кај „Рекорд“, на главниот пешачки премин, полицијата ги раздвојува демонстрантите од контра-демонстрантите кои се собираат пред Собранието.

13020352_10153723662258740_1881660754_n
Според непотврдени извори, меѓу контра-демонстрантите кои пристигнаа во организација на ВМРО-ДПМНЕ од цела Македонија, забележани се и припадници на навивачки групи.

Демонстрантите го пробија кордонот полиција и се упати кон Собранието каде што се наоѓаат контра-демонстрантите.

По пробивањето на полицискиот кордон, демонстрантите кои го поддржуваат СЈО и протестираат против одлуката на Иванов, стасаа до Собранието на РМ, но од таму веќе беа отстранети контра-демонстрантите.

За време на демонстрациите, ниско надлетува полициски хеликоптер.

20:46 Во моментов, демонстрантите ја демолираат канцеларијата на Ѓорге Иванов.

21:06 Полицијата употреби сила пред Народната канцеларија на Претседателот Иванов. Има најмалку двајца повредени од кои едниот лежи спроти Министерство за правда. Повеќемина демонстранти се приведени.

21:20 Демонстрантите го каменуваат Министерството за правда. Полицијата тргна во акција на растерување на демонстрантите. Најмалку дваесет демонстранти се приведени. Во ЦИВИЛ пристигнуваат бројни фотографии и снимки од настаните на улиците на Скопје.

21:35 Повреден е новинар на Плусинфо. Полесно повреден член на тимот на ЦИВИЛ.

21:59 Приведен активистот Бранимир Јовановиќ.

22:02 Хоспитализиран новинар со повреди на главата.

22:38 Демонстрациите завршија. Скопје е мирно.

Print Friendly, PDF & Email