ВИДЕО ИЗЈАВА: Достоинство за секој човек

Изјава на Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер по повод Светскиот ден на социјалната правда, 20 февруари. Овој материјал, како и другите, беше прикажан на плоштад Слобода во Штип на 20 февруари.

Н.Е. Амб. Кристине Д. Алтхаузер:

Ви благодарам за можноста да кажам неколку збора за светскиот ден на социјалната правда, кој се одбележува денес, на 20 февруари.

Овој ден беше воведен дури во 2009 година во рамките на Обединетите нации. Тоа што се крие зад него, е старо илјади години. Станува збор за основниот поим правда, дури многу повеќе за социјалната правда.

Правдата е суштински поим на филозофијата, на политичката филозофија. Тој задира во основните норми на човечкиот соживот.   Со што се одликува една праведна, една социјално праведна заедница? Како да се организира идеална состојба на социјален и мирољубив соживот? Како да се организира умерен, непристрасен баланс, кој треба исто така и да се побара, во однос на интересите и поделбата на добрата и шансите?

Во Германија примерот за социјална и праведна држава е втемелен во уставот, во член 20, став 1 („идеја за социјалната држава“). На секој граѓанин треба да му биде обезбедено учество во материјалните и во нематеријалните добра на заедницата кое ќе му овозможи егзистенција. Секој граѓанин треба да може да живее достоинствено и со самопочит.

Но, овој пример е идеал. И Сојузна Република Германија не е совршена. И ние имаме уште многу да завршиме, помислете само на дефицитите во образовниот систем (недостиг од еднакви шанси), на детската сиромаштија, на еднаквоста на шанси помеѓу жените и мажите.

Дозволете ми да додадам уште една мисла. Глобализацијата го става и идеалот за социјална правда пред нови прашања.  Правдата не е само постулат внатре во општествата, туку и меѓу нив. Како да се оствари фер баланс помеѓу државите? Ова прашање засега една клучна задача од нашата надворешна политика. Затоа се радувам што Фондацијата Фридрих Еберт, чишто име потекнува од оној, кој како никој друг стои за мотото за социјална правда, го искористи овој ден како повод, заедно со другите, да размислиме за оваа неопходна, иако неизмерно тешка долгорочна задача, социјалната правда.

 

_____________

Инфо за Иницијативата СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА!

Print Friendly, PDF & Email