Уметничка работилница „Боите на слободата“ во кампот #ЗбогумНикола пред Владата

Боите на слободата е уметничка работилница, која ќе се одржи во кампот пред Владата. Колонијата, која се одржува на иницијатива на Цивил – Центар за слобода во рамките на коалицијата Граѓаните за Македонија, ќе започне в сабота во 16 часот и ќе трае до недела на полноќ. Уметничките дела што ќе произлезат од оваа работилница, ќе бидат изложени во самиот камп. Изложбата ќе се отвори во вторник во 20 часот. Во рамките на работилницата, в сабота ќе се одржи и еден уметнички перформанс.DSC_0032Своето учество во работилницата до сега го потврдија дванаесет уметници. Веруваме дека списокот ќе се зголемува со нови учесници. Доколку има заинтересирани за учество во работилницата, уметниците тоа можат да го сторат со кратко обраќање до Цивил на [email protected], најдоцна до петок, 22 мај, 16 часот.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian