Укинат е притворот на Талески, осомничен за злоупотреба на 360.000 евра!

Битолскиот градоначалник Владимир Талески излегува на слобода по три месеци куќен притвор. Денеска Апелациониот суд од Скопје, доставил решение до Кривичниот суд, со кое се уважува жалбата на Талески, кој е осомничен за злоупотреба на 360.000 евра во предметот „Транспортер“, што го води СЈО.

fdn

Укинувајќи ја мерката куќен притвор, Судот за Талески определува мерка на претпазливост. Тој има обврска секој работен понеделник и работен петок да се јавува кај овластено службено лице во Основниот суд во Битола.

СЈО побара од Судот да биде продолжен притворот за битолскиот градоначалник, кој од 16-ти јуни беше во куќен притвор. Тој се сомничи дека заедно со уште 22 лица го злоупотребиле и оштетиле општинскиот буџет за 360.000 евра, со незаконско организирање училиштен транспорт.

Оваа Одлука на Апелацискиот суд од Скопје е причина за реакција на новинарот Томислав Кежаровски, кој како што вели, две години помина во притвор само за напишан текст.

kezho 2

„Одлуката на Судот градоначалникот на Битола, Владимир Талески да биде пуштен од притвор ме остави без текст. Не знам што да речам. Тој е обвинет за проневера на пари, а јас за напишан текст. Две години бев во притвор дека, наводно, сум можел да избегам од државата и да влијаам на сведоци. А, тој може ли да избега?Може ли да влијае на сведоци? Чудесна Македонија“, напиша Кежаровски на својот Фејсбук профил, во знак на револт од ваквата судска одлука.

На новинарот Кежаровски му беше изречена затворска казна од две години, што тој ја издржа во притвор во Шутка, а потоа и во куќен притвор (определен под притисок на јавноста). Тој беше огласен за виновен, затоа што напиша текст во 2008 година, во кој што наводно, оддава идентитет на заштитен сведок, којшто потпишал договор дека е заштитен сведок, две години подоцна.

И за голем дел од македонската јавност, ваквите одлуки се потврда дека македонското судство суди со двојни аршини.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian