ЦИВИЛ со обнова на Граѓанската повелба

Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода од следната недела ќе стартува на терен да ја промовира Граѓанската повелба и истражување на можности за меѓусекторска соработка и партнерства.

„Граѓанска повелба - Што има тука за мене?“ е пилот проект во кој се засегнати граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии кои ќе се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.

ЦИВИЛ ќе одржи работилници со по 2-3 претставници од секоја целна група во главниот град Скопје и во кумановско-липковскиот регион. На крајот од пилот проектот, ќе се одржи конференција, на која ќе бидат поканети претставниците на Владата и Парламентот, медиумите и пошироката јавност. Екипата на ЦИВИЛ Медиа ќе продуцира и повеќе медиумски содржини (анкети, интервјуа) за популаризација на Граѓанската повелба.

Граѓанската повелба ќе биде промовирана и преку информативни штандови.

Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

 

Print Friendly, PDF & Email