Свеќи и венец на погребот на Пржинскиот договор во Прилеп

Со свеќи и венец пред Градската куќа, демонстрантите од Прилеп симболично го изразија своето сочувство за Пржинскиот договор, погребан од владејачката коалиција, на 18 мај. Шарената револуција испрати јасни пораки дека протестите ќе продолжат, сè додека граѓаните не се изборат за слобода и демократија, во слободна Македонија.

Приврзаниците на Шарената револуција ги обоија и билбордите на владејачката партија, користени за време на изборната кампања, кои сè уште не се повлечени од трикатната гаража во центарот на Прилеп.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email