Судир меѓу демонстрантите и специјалците во Битола

Демонстрантите и полицијата се судрија за време на протестите во Битола денеска. Тогаш, од зградата на општината истрчале припадници на Единицата за брзо распоредување и се втурнале кон демонстрантите.

Раководните лица од битолската полиција брзо ја смириле ситуацијата, а дел од демонстрантите раскажуваат дека битолските полицајци им довикувале на демонстрантите: „И ние сме со вас!“

Јајца и кеси со боја летале кон општинската зграда.

bitola3

Битола, 17 април 2016

Протестите во Битола се во знакот на „граѓанското апсење“ на градоначалникот Владимир Талески. Веќе долго време трае револтот и незадоволството од владеењето на градоначалникот Талески против кого и Специјалното јавно обвинителство води истрага за тешки злоупотреби и криминал.

Според набљудувачите на ЦИВИЛ, протестите во Битола и денеска биле спонтани, односно никој не стои официјално за нивната организација.

Според информациите кои ЦИВИЛ ги добива од терен, 40 специјалци од Прилеп биле испратени во Битола. Полициско засилување во Битола пристигнало и од Ресен, Демир Хисар и Дебар.

Протестите продолжуваат и утре, со почеток во 18 часот.

Print Friendly, PDF & Email