Спорна листата на спорни гласачи!

Пријавите кои граѓанките и граѓаните ги испраќаа до Државната изборна комисија, по објавувањето на Избирачкиот список на увид, ги испраќаа и на адресата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација која во континуитет ја следи работата на ДИК, и во која имаат доверба. Дел од граѓаните тогаш се обраќаа до ЦИВИЛ, загрижени дека нивните пријави нема да бидат понатаму процесирани. Хаосот на спорната листа на 39.502 спорни гласачи, покажува дека нивната загриженост имала основ...

По објавувањето на листата на спорни 39.502 гласачи, направивме проверка дали некоја од пристигнатите пријави во ЦИВИЛ, е примена во ДИК, дали е преземено нешто во врска со тоа, и дали тие лица се дел од новата листа, која е наменета токму за спорните гласачи на кои укажуваат самите пријави.

12312038_1545811195749523_336483400_n

Дел од пријавите се однесуваат на повеќе недоследности во Избирачкиот список, во село Слоештица, во општина Демир Хисар, на пример.

10584398_1545811189082857_1165715641_n

Но, од тоа што може да се заклучи по прелистувањето во листата на спорни гласачи, ниту една од пријавите кои самите жители на ова село, загрижени за состојбата со списокот на гласачи, ги доставија до ДИК, не е дел од официјалната листа околу која сите потписници на Договорот од Пржино се согласија.

12834902_1545811175749525_2105640307_n

ЦИВИЛ повторно јавно прашува: Кои се тогаш лицата што се дел од листатa на спорни гласачи, ако тоа не се оние спорните за кои пристигнуваa пријави од граѓан(к)и? Ако тоа не се оние лица кои сами пријавиле, или оние кои индиректно беа посочени како спорни? Дали листата која треба да помогне да се решат проблемите со спорните гласачи во Избирачкиот список, е и самата спорна?

Или, ова е точно тоа што можеше да се очекува кога од самиот почеток, како што ЦИВИЛ објавуваше, теренската проверка со која се вршеше контрола на 100.436 неконзистентни записи, не одговори на потребите, односно, во најголем дел не ги опфати пристигнатите пријави, туку се проверуваа гласачи кои цел живот живеат на иста локација, а за кои нема ништо спорно за проверување?

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian