Спировска и Богоевски едногласни: Нема да не заплашат!

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Павле Богоевски и Симона Спировска, едни од најгласните активисти, откако синоќа беа приведени за време на протестот на Шарената револуција. 

13325629_980544605397342_312488200098854582_n

"Зборував со моите родители на телефон кога еден од луѓето кои нé приведуваа ми ја покажа значката. Телефонот ми беше одземен од рака и исклучен. Потоа, ни кажаа дека нé застанале заради потврдување на идентитетот. Се случи во моментот јас и мојот сопруг да немаме лични карти со нас. Не оставија да чекаме половина час. Јас им реков да ја скратиме маката и да одиме кон станица. Отидовме во полициска станица 'Центар', не симнаа во подрумот, ни дадоа да потпишеме изјави дека не сме носеле лични карти и да потпишеме прекршочна за неносење лични карти. Тоа е во ред, тоа е наша грешка. Потоа, се симнаа и од мене да побараат да потпишам втора прекршочна за боење на Министерството за правда. Втората прекршочна одбив да ја потпишам. Набргу не пуштија", објаснува Спировска за тоа што се случило вчеравечер.

"Мојата порака е, како и досега, дека можат да се обидуваат да не заплашат, но никогаш нема да им успее! Со ова, само го будат се повеќе гневот на граѓаните. Со ваквите апсења, граѓаните се повеќе сфаќаат во каква држава живееме и сме живееле", потенцираше актерката Спировска.

13340229_976137472504722_7061102742215666199_o

" Во моментот кога отидовме пред полициската станица, тогаш уште не знаевме за што е пријавата, ме повикаа и мене каде што бев казнет за уште еден прекршок, пријава за кршење на Законот за јавна чистота, веројатно поради боење на фасадата на Министерството за правда", изјави Богоевски.
На прашањето дали му било прекршено некое човеково право, Богоевски вели:
"Освен фактот што едни луѓе се апсат за фрлање боја, а други луѓе кои извршиле десетици лоши дела се на слобода, немаше кршење на човекови права", смета Богоевски.

"Борбата продолжува, мора да издржиме!",  порачува тој.

ЦМ

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish