СОЛИДАРНОСТ СЕГА!

1 Мај - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РАБОТНИЦИТЕ

 

solidarity

1ви Мај е ден на сите работници во светот. Тоа е ден на борбата за правда, достоинство и чесност,  за достојни услови за работа и пристојна плата за сите.

 

1ви Мај е ТВОЈ ДЕН.

Ден кога ќе се освестиш и ќе го земеш тоа што ти припаѓа тебе и на твоите сограѓани. 1 Мај е ден кога треба да сфатиш дека работата не е привилегија, туку ТВОЕ ПРАВО.

Навремена и фер исплата за твојот труд и грижа за тебе кога си без работа или си болен, социјална и здравствена заштита за тебе и твоето семејство, пензија кога си стар - тоа не се услуги од државата или од газдите - тоа се ТВОИ ЗАРАБОТЕНИ И ЗАСЛУЖЕНИ ПРИДОБИВКИ.

За твојата состојба не се виновни тие од другата етничка заедница. Тие се во истата неволја како и ти. За твојата состојба не се виновни „надворешните фактори“ или „предавниците“. Сврти се околу себе, отвори весник, пушти ТВ. Одговорните за бедата се многу поблиску отколку што мислиш.

Отвори ги очите!

Тие што ги нарекуваш со погрдни имиња затоа што изгледаат или зборуваат различно од тебе, не се непријатели, туку пријатели со кои треба да се обединиш против неправдата. Сам нема да ги одбраниш своите права.

СОЛИДАРНОСТ СЕГА најмногу ти треба тебе и на твоите сограѓани!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English