СЈО: Уништена опрема за прислушување вредна 10 милиони евра

На денешната прес–конференција Специјалното јавно обвинителство го обелодени отворањето на новата истрага „Тврдина“ за уништување на опрема и уреди за следење на комуникации во споственост на МВР. Отворањето на истрагата е поврзано со вчерашното барање за претрес во домот на началникот на Петтата управа при МВР, Горан Груевски, кој денес, самиот се појави на распит пред Основниот суд Скопје 1.

Предметот „Тврдина“, како што објасни порптаролката на СЈО Ленче Ристоска, сомничи двајца началници на оддели во Управата за безбедност и контраразузнавање и ексминистерката за внатрешни работи, кои во првата половина од 2015 година ја злоупотребиле службената положба и овластувањ и по усмена наредба на ексминистерката, со умисла ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на буџетот на Република Македонија во износ од 10 милони евра. „Тие дејствувале како службени лица и ја користеле службената положба и ги злоупотребиле овластувањата. Целта била да се прикријат други лица кои неовластено ги следеле комуникациите, за што била дадена усна наредба за уништување на опремата за следење на комуникациите“, изјави обвинителката Ристевска.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се произнесе и во однос на неовластеното пуштање на социјалните мрежи на приватни разговори помеѓу сегашни и поранешни функционери и ги повика сите засегнати поединици да се обратат до СЈО за да се поведат соодветни кривични постапки. Исто така, Јанева ги повика сите поединци кои поседуваат незаконски прибавени аудио и друг вид на разговори, истите да ги достават во најкраток можен рок до Специјалното обвинителство.

Print Friendly, PDF & Email