СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ, КУТНАТИ НА ЗЕМЈА, А ПОТОА ТЕПАНИ И ПОНИЖУВАНИ

Полицијата безмилосно ги тепаше демонстрантите синоќа. Не само пред седиштето на владата, туку и по улиците во поширокото централно подрачје, по паркинзи, паркови и во библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Засега, непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда.

Тие, тепани и малтретирани при приведувањето, задржани во полициски притвор цела ноќ, изведени се пред суд и, според нашите извори, на некои од нив им се закануваат со кривично гонење, без никаква основа. И сѐ уште се заложници на дивата и брутална реакција на власта по синоќешните демонстрации.

Според извештаите од теренот, сите приведени биле тепани откако биле совладани, не пружале никаков отпор, биле легнати на земја и имале лисици на нив. Тоа е крајно брутално однесување и кршење на човековите права по сите основи.

Заедно против насилството?

Заедно против насилството?

Нападот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, тепањето и малтретирањето на студентите, кои таму учеле, било спроведено на крајно незаконски начин.

 

11225985_10202890487463427_14085761_nГи повикуваме сите припадници на полицијата, да не следат команди кои се противзаконски. Имаат право да не почитуваат наредба која е спротивна на Уставот и законите на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани на воздржување од насилство. Сите повредени, демонстранти и полицајци, се непотребни жртви на погрешните политики на власта.

Бараме итно ослободување на сите бесправно приведени граѓанки и граѓани.

Бараме одговорност за синоќешната бруталност на полицијата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English