Селфи за #СлободниИзбори

Вклучете се во фото-петицијата од каде и да е. На лист хартија или на вашата дланка, напишете ЈАС СУМ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ и направете селфи со натписот во кадарот и испратете ни го во порака на нашата Фејсбук страница или на [email protected]. Можете да ја постирате и на вашиот твитер профил, но не заборавајте да нѐ тагнете со @CivilMacedonia.

Дома, во кафуле, на планина, на улица, во авион, каде и да се сте, можете да направите селфи за #СлободниИзбори.

_MG_1035

ЦИВИЛ спроведува фото-петиција за #СлободниИзбори, на која може учествуваат сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија.

Со својот лик и порака со барање и поддршка на слободни избори, упатуваме силна порака до политичките елити и до институциите, дека е крајно време за слободни избори и за максимално почитување на нашите гласачки права.

Print Friendly, PDF & Email