Сексуалните работници протестираа за поголеми права

Под мотото  „Слободниот избор е право, а не привилегија!“ сексуалните работници од Македонија,  го одбележаа 17 Декември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Учесниците во протестот, стриптизети и стриптизери, хот-лајн оператори, ескорт девојки и момчиња, но и активисти за човекови права порачаа дека бараат поголеми права за овие, според нив, најмаргинализирани групи во општеството.

borche-tsrveni-chadori

„Во реалноста, институциите што работат во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, многу често не прават разлика меѓу сексуалната работа и експлоатацијата. Така што преземаат мерки за елиминација на сексуалната работа наместо за елиминација на експлоатацијата во сексуалната индустрија“, изјави Борче Божинов од граѓанската иницијатива „Стар – Стар“.

Протестот започна пред Спомен-куќата на Мајка Тереза. Оттаму, црвените чадори се движеа преку Камениот мост до плоштадот „Филип Втори“.

„Маршот на црвените чадори“ годинава се одржа по деветти пат, во организација на граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“ од Скопје.

ЦИВИЛ - Центар за слобода ја поддржува оваа иницијатива од самиот почеток.

Print Friendly, PDF & Email