Револуција која тече: Скандалозниот потез на Иванов ги разбуди граѓан(к)ите

Повеќе од еден месец граѓан(к)ите секој ден се на улиците и бараат повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој заштити 56 политичари, меѓу кои Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски..., Зоран Заев, кој ја одби аболицијата.  

Shkruan:Dehran Muratov

Пишува: Дехран Муратов

Граѓанскиот револт прерасна во Шарена револуција. Демонстрантите секој ден фарбаа(т) некоја државна институција и спомениците од проектот „Скопје 2014“. Шарената револуција започна скромно, со стотици демонстранти во Скопје, но набрзо шаренилото ги „зарази“ и граѓаните во другите градови во државата. Денес, секојдневно се протестира во десетина градови.

Македонија не би била Македонија, доколку на секој протест нема контра-протест. На Шарената револуција „конкуренција“ им беа бранителите на демократијата од ГДОМ. Тие неколку дена организираа протести на „Бихаќка“, пред седиштето на СДСМ и бараа повлекување на аболицијата за Зоран Заев и за Зоран Верушевски. Меѓутоа, Иванов остана глув на барањата на граѓан(к)ите.

ГДОМ(обраните) на своите контра-протести извикуваа: „Никој ништо не ти може Николааа..!“, и карактеристични беа македонските знамиња. Додека пак „шарените револуционери“ извикуваа(т) „Нема правда нема мир!“, „Слобода“..., и може да се видат знамиња од сите националности и шарени знамиња.

13219591_10153795319643740_1972960909_n

Шарената еуфорија ги прифати и младите вмровци. Тие последниве неколку дена и се „приклучија“ на Шарената револуција и фарбаат споменици на СДСМ направени од стиропор (омилен градежен материјал на владејачката партија). Креативни се, оригинални, ништо не копираат од „предавниците“, особено балоните и пластичните пиштоли и пушки што ги полнат со боја. Копи- пејст „а ла ВМРО-ДПМНЕ“.

Деновиве „спонтано“ и неколку жени почнаа да ги чистат спомениците, затоа што душата ги болела за фарбаните спомен обележја. Дали откако почнаа да ги чистат плочите и  камењата, откако ќе завршат со чистењето, ќе отидат и на споменикот (гробот) на малата Тамара, да и искажат почит, за да сопрат солзите на нејзината мајка...!!! Дали домаќинките-патриотки ќе отидат и кај мајката и семејството на Мартин Нешковски, за со некое нивно  „средство за чистење“ на болката во душата  заголемата загубата... Или, да отидат кај мајките на приведените демонстранти за да го зачистат срамот од лицето на македонското судство...

Досега владејачката партија играше „на кондиција“,надевајќи се дека протестите по три дена ќе стивнат. Но, овојпат не е така, поминаа и 33 денови, а секој ден граѓан(к)ите имаат сé поголема кондиција и желба да има демократија и слобода во државата.

Протестите нема да стивнат сé додека не се укине аболицијата на претседателот Иванов и не се обезбедат услови за слободни, фер и демократски избори!

 

Print Friendly, PDF & Email