Референдумот во Богданци го следат очекуваните проблеми

ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудува референдумот во Богданци што ја покрена граѓанската иницијатива „Спас за Богданци“. Набљудувачите на ЦИВИЛ известуваат за следната состојба на сите 12 избирачки места (ИМ) во 15:15 часот:  излезени се 2,686 гласачи, што е 38,9% проценти од запишаните гласачи.

Во ИМ 0375 – 41%, ИМ 0372 – 43%, ИМ 0371 – 32%, ИМ 0371/1 – 34% и ИМ 0373 – 47%. До сега ЦИВИЛ бележи десетина случаи на граѓанки и граѓани кои не можат да се најдат на Избирачкиот список.

Набљудувачите на ЦИВИЛ дознаваат дека во текот на вчерашниот ден, повеќе граѓанки и граѓани на општина Богданци добиле повици од активисти на одредена политичка партија да не излезат на денешното референдумско изјаснување или да се изјаснат во полза на отворање рудници, односно продолжување на работата на рудникот во Казандол. Иако иницијативата „Спас за Богданци“ е поддржана од општинскиот совет, односно од сите партии, како и од организациите на граѓанското општество, сепак, притисоците против успехот на референдумот се евидентни, со што станува очигледно дека партиските структури на локално и централно ниво имаат различни позиции по ова прашање.

ЦИВИЛ е единствената национална независна организација која го набљудува референдумот во Богданци.

За повеќе информации за текот на референдумското изјаснување, раководството на ЦИВИЛ, кое е на терен, стои на располагање на сите медиуми.

Граѓанките и граѓаните можат да пријават нерегуларности или да побараат информации за своите гласачки права на дежурните телефони 078 – 746 138 и 075 – 389 698. На располагање е и веб страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности. Во оваа прилика, ЦИВИЛ ги потсетува граѓанките и граѓаните дека неодамна објави и онлајн Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација.

Извештаите на ЦИВИЛ од набљудувањето можете да ги следите и преземате од веб страницата ЦИВИЛ Медиа или од Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

 

 

Избор од претходни содржини објавени од ЦИВИЛ:

Референдум: Извештај на ЦИВИЛ во 15: 30 часот

Референдум: Извештај на ЦИВИЛ во 13 часот

Соопштение, 9 јуни: ЦИВИЛ ЌЕ ГО НАБЉУДУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО БОГДАНЦИ

Print Friendly, PDF & Email