Работна средба со скопскиот мониторинг тим

Во четвртокот, во просториите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа работна средба со мониторинг тимот за скопскиот регион. Со поддржувачите и членовите на ЦИВИЛ се разговараше за актуелната политичка состојба, кршењето на гласачкото право во минатите изборни процеси и заканите тоа да се повтори и на предвремените априлски избори, како и за кршењето на човековите права и слободи.

На средбата беа споделени искуства од изборните процеси, се дискутираше за јакнење на јавната свест и за идните чекори во процесот на набљудување на изборниот процес, со посебен акцент на едукацијата и мобилизацијата на граѓан(к)ите за одбрана на гласачкото право и за фер и демократски избори.

Работна средба е во рамките на проектот „Моето гласачко право“, посветен на јакнење на свеста на граѓан(к)ите во изборните процеси и на одбрана на гласачкото право, преку запознавање на јавноста со состојбата на правата на гласачите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода засилено и долгорочно го набљудува предизборниот период и е во фаза на подготовка на мониторинг-тимови низ целата земја за претстојните предвремени избори.

Print Friendly, PDF & Email