Прв Студентски референдум на УКИМ

Студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје утре, од 9 до 17 часот, ќе го организираат првиот Студентски референдум, со прашање: „Студенту, дали телото кое те претставува во рамките на Универзитетот, да продолжи да биде невладина организација, како што во моментов е СПУКМ?”

14495418_1828780464018901_5000328620156329019_n

„Ќе спроведеме импровизиран Студентски референдум, за да покажеме дека студентите се тие кои треба да бидат слушнати. Сe прават последните подготовки за успешен, фер и демократски референдум, се подготвуваат паравани и гласачки кутии. Државната изборна комисија нема никаква врска со овој референдум, бидејќи ова е самоиницијативно од студентите. Студентски референдум ќе се организира на сите 23 факултети на УКИМ“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Борјан Ефтимов, еден од организаторите на референдумот.

Студентите велат дека доколку не се чуе нивниот глас таму каде што треба, никогаш нема да се одговори на нивните оправдани барања и потреби и „вечно ќе бидат под камшикот на лошото студентско владеење“. За да можат да настапат со заеднички став, „формулиран од индивидуалните потреби на секој студент“, организаторите ги повикуваат своите колеги на првиот студентски референдум на УКИМ.

„По крадењето на гласачки кутии и тепачките на студентските избори, универзитетскиот Сенат презеде одговорност да го реформира студентското претставување. Сепак, во процесот на реформирање, Сенатот повторно е ‘глув’ за ставот на студентите - изгледа дека слабото студентско организирање и статус кво му одговара на Универзитетот, а никако на студентите! Студентите истакнуваат и дека 'УКИМ не смее да одлучува за студентското претставување, без притоа да ги праша студентите!'“, стои во повикот на официјалната Фејсбук страна на Студентски референдум.

Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email