Прес на ЦИВИЛ во 16 часот: Продолжува агитацијата и заплашувањето на гласачите

Над илјада гласачи во првиот дел од денот не успеале да гласаат затоа што ги нема во Избирачкиот список, а изборниот ден поминува со низа нерегуларности, од кои, до третата прес-конференција, над 140 случаи беа евидентирани од аналитичкиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала, на прес конференцијата во 16 часот, рече дека продолжуваат агитацијата и заплашувањето на гласачите, а дека избирачките одбори ја кршат изборната процедура, поради незнаење, или затоа што “не сакаат да ја спроведат прописно гласачката процедура“.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=RbZdF_cmWMk[/youtube]

Членовите на Избирачките одбори не знаат каде да ги упатат илги упатуваат граѓаните кои ги нема во списоците, во Општинските изборни комисии, кои им одговараат дека не можат ништо да сторат. ЦИВИЛ повторно апелираше до Државната изборна комисија, да се обиде да им помогне на овие гласачи да го остварат своето гласачко право.

Дерала ги истакна семејното и групно гласање и сериозните прекршоци како поткуп на гласачите, агитација, притисоци, сериозни попречувања на набљудувањето и гласањето, како се и фотографирања на ливчињата.

„Дури и еден лидер на политичка партија ни се јави да го окарактеризира изборниот процес како проблематичен, секој втор член од неговото семејство го немало на списоците“, изјави Дерала, кој повторно го истакна попречувањето во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ, кои добивале  и вербални закани, како и телефонските притисоци врз граѓаните од партиски штабови.

Забележана е и евиденција на гласачи од партиски активисти кои стоеле непосредно до гласачките места.

Print Friendly, PDF & Email