Промовирање на ефективни политики за младите

Националниот младински совет на Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори, изготви Декларација за промовирање на ефективни политики за младите на Република Македониjа и упати покани за потпишување на документот до 17 политички партии кои имаат активни подмладоци во Република Македонија. Декларацијата ја потпишаа помладоците на 13 политички партии: СДСМ, ДПА, ВМРО-НП, ДОМ, ЛДП, ДС, ГРОМ, НСДП, Обединети за Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите и Демократска партија на Турците.

NMSM izborise-cover

Фотографија - НМСМ

Со потпишувањето на Декларацијата, помладоците на политичките партии се обврзуваат дека ќе се залагаат за формирање на младинска лоби група во рамките на Собранието на Република Македонија, која во соработка со Националниот младински совет, ќе ги наметнува младинските теми и прашања во законодавниот дом. Тие ќе се залагаат и за подобрување на економскиот стандард, а пред сè, за намалување на невработеноста кај младите и намалување на одливот на квалитетен млад кадар од Република Македонија.

Според претседателот на НМСМ, Дамјан Николовски, Декларацијата претставува чекор напред за младите да го добијат своето заслужено место во општеството.
„Оваа Декларација која се потпишува по вторпат, содржи мерки и решенија преку кои ќе се зајакне младинското учество, ќе се воспостави траен механизам за соработка на институциите со НМСМ, но ќе се овозможи и поддршка на младите за подобрување на нивната економска, социјална и општествена положба”, додаде Николовски.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian