Продолжува мобилизацијата на ВМРО-ДПМНЕ за притисоци врз ДИК: Демонстранти „за секој случај“

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мобилизацијата на членството за масовно да вршат притисок врз работата на Државната изборна комисија, во обидот за опструирање на евентуалното прифаќање на приговорите на опозицијата за одржаните парламентарни избори. 

Како што ни јави соработникот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Божидар Барлаковски, не престанува мобилизацијата на партиските војници во Прилеп. И денес, преку СМС пораки се задолжува членството на ВМРО-ДПМНЕ на масовен одѕив за протестите пред ДИК во Скопје. На блогот „10 без 1о“ на Барлакоски е објавен принт-скрин од СМС порака со која се повикува членството на владејачката партија во Прилеп, попладнево масовно да тргне во Скопје.

„Во денешниов ден има организирано одење за Скопје. Тргнувањето е од пред реклами во 15,30 часот, одма известете ги членовите, и дајте повратно колку можеме да организираме“, се вели во СМС пораката.

avtobusi-od-prilp

Прилеп, 16 декември, попладне

И денес, околу пладне кога требаше да започне продолжението на седницата на ДИК, симпатизери на владејачката партија повторно се собраа со цел како што велат „да ја одбранат државата“. Медиумите објавија дека мобилизацијата на членството на ВМРО-ДПМНЕ вчера се одвивала со максимата „Ќе одите (на протести - н.з) и оро ќе играте!“.

dikprotst

Вистински хит на социјалните мрежи е прилогот на novatv.mk во кој, еден од демонстрантите во четвртокот вечерта, на прашање на новинарката на порталот - „Зошто сте дојдени вечерва тука?“, одговара:

screenshot-69

„Борба за татковината...  Јас морам да бидам тука, јас не можам да им оставам на нив (ДИК - н.з). Мислам дека прават измама. Некој тамо си игра со државата... Не сум јас дотолку писмен да ви објаснам, јас  сум тука за секој случај!“.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English