Пријава за навредите кон лицата со посебни потреби!

Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби денеска подготви пријава до Комисијата за заштита од дискриминација, за „споредбите“ кои на социјалните мрежи беа правени за Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лицата со посебни потреби и инвалидитет. 

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Даниела Мирческа, регионален координатор на Ресурсниот центар, која изјави дека пријавата се однесува на „експлозијата“ неодмерени статуси и споредби на социјалните мрежи, постирани од јавни личности, кои пак, цитирале политичари.

 

богдан

Како што изјави Мирческа, објавувањето на дискриминаторски статуси на социјалните мрежи, како платформа каде што се разменуваат најмногу информации и вести, има голем ефект врз градењето на ставот на јавноста за лицата со посебни потреби. Родителите кои не се инволвирани во невкусните политичките напади и пресметки во парламентот, се особено погодени од ваквиот однос и контекстот во кој се ставаат и користат нивните деца и сите лица со попреченост.

амеба 2

Очекувањата на Ресурсниот центар се Комисијата да препознае дискриминација во овие и сличните статуси и да укаже на тоа.

амеби

На социјалните мрежи може да се забележи и осуда за пратениците од владејачката ВМРО – ДПМНЕ, како Илија Димовски и Антонио Милошоски, на пример, кои се обвинуваат дека за време на претставувањето на шестмесечниот извештај на СЈО пред Комисијата за политички систем, користеле изрази како што се „ние не сме инвалиди“ и „немаме пречки во развојот“, со што ги навредувале граѓан(к)ите со физичка и психичка попреченост.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email