Прес на ЦИВИЛ за одлуката за предвремени парламентарни избори

Со намера да одговори на бројните прашања и да ја извести пошироката јавност за ставовите и анализите на новонастанатата ситуација по одлуката да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, ЦИВИЛ организира прес конференција утре, вторник, 22 октомври 2019, во хотел Сити Парк(кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот.

Дали се потребни предвремени парламентарни избори? Дали „брзи избори“ значат чекање од половина година? Со кои проблеми се соочува изборниот систем? Имаат ли институциите капацитет да спроведат квалитетен изборен процес, со максимално почитување на правото на глас? Има ли време да се направат измени во Изборниот законик со кои ќе се подобри изборниот процес? Кои се основните прашања во врска со финансирањето на политичките партии во изборен контекст? Колку е оправдана „Пржинска“ влада во овие услови?

Тоа се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ има свои одговори и со кои има намера да отвори демократска и аргументирана дебата во јавноста.

Како и секогаш, добредојдени се медиумите, но и заинтересираните граѓанки и граѓани, претставници на институциите, граѓанското општество и политичките партии.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish