ПОВИК ДО ЧЛЕНСТВОТО НА „ЦИВИЛ“ И ДО ЈАВНОСТА

Право на еднаквост и на работнички права за хонорарците!

 По повод иницијативата за пополнување на формулари за групната претставка до Уставниот суд на Република Македонија за испитување на уставноста на пакетот закони кои го нарушуваат владеењето на правото и ги ограничуваат правата на граѓаните кои заработуваат за егзистенција со хонорарна работа, ЦИВИЛ - Центар за слобода, како еден од поддржувачите, го повикува своето членство, како и сите граѓан(к)и на Македонија, активно да се вклучат во запирањето на уште една наметната неправда од власта, со која се повредуваат уставно загарантираните права и принципи.   

Во 15 градови низ Македонија деновиве се пополнуваат формулари за групната претставка до Уставниот суд против пакетот на неуставни закони со кои се ограничуваат правото на работа и на еднаквост на „хонорарците“ и не се почитува забраната на повратното дејство на законите. Секој полнолетен граѓанин може да се приклучи кон иницијативата до Уставниот суд, преку пополнување на формуларите, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот од 23 март до 6 април 2015 година. Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.

Формуларите можат да се пополнуваат и во просториите на ЦИВИЛ - Центар за слобода, на ул. Максим Горки, бр. 31/1 во Скопје, од 9 до 17 часот. (Контакт: Арбана Ќерими, тел. 02 52 09 176)

Во Скопје, формуларите се достапни за граѓаните за пополнување и потпишување во просториите на ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 3224 701, секој ден, а за време на викендот, ќе има и  штанд во Градскиот парк.

Во останатите градови, формуларите се достапни на следните локации:

Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел. 047 233 020;
Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одржлив развој, ул. Гоце Делчев 24, тел. 031 481 542;

Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул. Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046 835 106;

Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба Сењак), тел. 032 383 116;

Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул. Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;

Струга: Центар на Заедницата на општина Струга, ул. Владо Малески б.б. ( зграда на Министерство за одбрана), тел. 046 839 112;

Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;

Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117

Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;

Берово: Здружение за промоција и заштита на правата на Ромите - Roma Future, тел. 075 621 267;

Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;

Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;

Придружувањето  кон групната претставка за испитување на уставноста на законските измени за хонорарците, може да се изведе откако ќе се прочита иницијативата (http://www.docdroid.net/vcsh) и ќе се испечати и пополни формуларот (http://docdroid.net/vfk4), што потоа во два (2) примерока ќе се испратат по пошта на адреса: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, 1000 Скопје

Print Friendly, PDF & Email