„Потомци на Александар“ наспроти „Напред Европа!“

ЦИВИЛ денеска во центарот на Гевгелија постави инфо-штанд на кој граѓанките и граѓанките имаа можност да ги напишат своите пораки и ставови во врска со претстојниот референдум.

Ставовите на заинтересираните граѓанки и граѓани кои застанаа покрај инфо-штандот беа најразлични. Од „ние сме потомци на Александар“ до „напред Европа“ се ставовите на гевгеличан(к)и.

Дел од присутните ги напишаа своите анонимни пораки и ги ставија во импровизираната „гласачка кутија“. „Не“, „За Македонија во ЕУ“, „Од ништо аир не видов 27 години“, „Убаво е да има референдум, да биде фер и демократски, без насилство“ се дел од анонимните пораки на гевгеличани.

Покрај контактот со граѓаните, Синиша Станковиќ од ЦИВИЛ пред гевгелиските медиуми го претстави проектот, неговата цел, како и важноста од обезбедување на фундаменталното човеково право - правото на глас.

М. Ивановска

Print Friendly, PDF & Email