Последен ден на кампањата: СДСМ во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и Прилеп, „ВМРО за Македонија“ во Битола...

Политичките партии денеска ќе ги одржат последните митинзи, средби со граѓанките и граѓаните и прес-конференции за претставување на нивните изборни ветувања и програми. Утре е ден на молк, и ќе гласаат затворениците, внатрешно раселените, болните и изнемоштени лица и дијаспората.

СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва ќе  го одржат последен митинг во Општина Гази Баба, во 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ последните изборни пораки ќе ги испратат на митинзите во Крушево во 17,30 и во Прилеп во 20 часот.

ДУИ ќе го одржи последниот митинг во 18 часот на плоштадот во Тетово.

И „Беса“ ќе одржи митинг во Тетово, во 18 часот, но пред Државниот универзитет.

„Алијанса за Албанците“ ќе има митинг во 18 часот во Гостивар.

„Коалицијата за промени и правда“ во 18 часот ќе одржи митинг на плоштадот „Лептокарија“ во Скопје.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска на плоштадот во Прилеп во 13,30 часот, ќе одржи средба со граѓаните, а вечрва во 19 часот ќе има митинг во Центарот за култура во Битола.

Левица ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје.

 

Print Friendly, PDF & Email