„Перспективи 2018“ за демократизација на општеството

0

ЦИВИЛ организира целодневен настан „Перспективи 2018“, кој ќе се одржи в петок, 22 декември, во хотел Сити Парк, од 9 до 17 часот. Во текот на целиот ден ќе се одржуваат брифинзи и состаноци на кои ќе се презентираат проектните достигнувања на организацијата во повеќе области кои се поврзани со проектот „Слободни медиуми за слободно општество“.

ЦИВИЛ ќе ги презентира проектите, извештаите и ставовите на ЦИВИЛ кои се однесуваат на слободата на изразувањето и медиумските слободи, човековите права и слободи, социјалната правда, екологијата, младите, изборниот процес и демократската трансформација на општеството.

ЦИВИЛ покани истакнати јавни личности, експерти и активисти со кои ќе одржи работни средби и ќе разговара за перспективите на Македонија во 2018 година. Претставниците на медиумите се поканети да се информираат и да земат изјави на сите теми кои се во делокругот на ЦИВИЛ.

Поканети се и претставниците на невладините организации со кои ЦИВИЛ има соработка и партнерства, но и оние што сакаат таква соработка и да се започне во 2018 година.

Во рамките на програмата, на истата локација (хотел Сити Парк) со почеток во 13 часот, ќе се одржи и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство во проектот „Граѓански објектив“.

На настанот ќе бидат достапни и копии од изданијата на ЦИВИЛ во печатена форма и ДВД. Заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да се запознаат со сите активности на организацијата и со можностите за ангажман во проектите.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English