„Остварување“ на власта: Македонија е најстресна држава во Европа!

Македонија e позиционирана на прво место во Европа, како држава каде е најстресно да се живее! Според минатогодишното истражување на „Блумберг“, и на светско ниво, Македонија го зазема „високото“ деветто место, како единствена европска држава во првите 10 држави во светот, во кои условите за живот се високо ризични и стресни.

Истражувањето на „Блумберг“ е направено  според седум критериуми: стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквите примања, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.

12509663_10153498562223740_1217854201899022909_n

Кога ќе се направи анализа по сите овие варијабли, крајниот резултат е дека од Македонија, полошо се рангирани самo осум држави во целиот свет: Нигерија, Јужноафриканската Република, Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија, Пакистан и Јамајка!

Како суровите оценки од оваа анализа кореспондираат со виртуелната приказна за Македонија која секојдневно власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и медиумите под нејзина контрола, им ја сервираат на граѓаните. Како држава која, според пропагандата на власта  е „најдобро место за инвестирање“ и има „највисока стапка на економски раст во Европа“ или „држава со најмала задолженост во регионот“ и со „најниско ниво на невработеност досега“, низ соголените факти, е само држава каде е најстресно да се живее во цела Европа?

Тоа, за жал, само потврдува дека анализата на „Блумберг“ е порелевантна и поблиску до македонската реална живеачка, од тоа што ВМРО-ДПМНЕ низ замаглениот објектив на владините медиуми секојдневно им го сервира на граѓан(к)ите. А ако анализата се надополни со статистиките кои ја позиционираат Македонија како држава со најзагаден воздух во Европа, или со податоците од извештајот на експертската група на Европската комисија кои корупцијата ја третираат како најсериозен македонски проблем..., сликата уште повеќе се изострува. Или, ако станува збор за нееднаквите примања, како еден од критериумите на анализата, според Светска банка, јазот меѓу богатите и сиромашните во Македонија е најголем во споредба со земјите од Европа и од поранешниот СССР...

Очигледно, стресот во кој секојдневно живеат Македонците, не е тешко да се детектира со истражувања кои се базират на анализи на фактичката состојба.

И покрај сите, долгогодишни напори на пропагандата на власта да го држи просечниот граѓанин во медиумски мрак, сликата за „голотијата на царот“ допира до се пошироки кругови на јавноста.

Print Friendly, PDF & Email