Одложено судското рочиште за Мариглен Демири од Левица

Судската расправа за кривичната пријава против Мариглен Демири од партијата Левица е одложена за 22-ри ноември, затоа што Државното правобранителство побара дополнително разгледување на доказите на одбраната и подготовка, за да се произнесе за штетата. Демири е обвинет за учество на протестите од април оваа година, како еден од демонстрантите кои наводно ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

„Ова е отворен политички прогон врз највиското раководство на Левица. Како се наближуваат изборите, тој прогон од кривичен прогон, продолжува во физички. Ова е трет член од највисоките партиски органи кој се гони кривично за дело кое не постои. Правниот тим на Левица, заедно со адвокатите немаат намера да признаат вина. Ние ќе се судиме до крај“, изјави Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица.

Тој рече и дека за прогонот на раководството на Левица се алармирани сите релевантни меѓународни фактори, а претставници на партијата присуствувале и во Стразбур каде на највисоко ниво го поставиле ова прашање.

 

Print Friendly, PDF & Email