Ќе одговарате за секој збор на омраза, за секоја лага и клевета

ЦИВИЛ - Центар за слобода со години се соочува со жестоки притисоци и црна кампања кои имаат цел да ја скријат вистината за тешката состојба на човековите права за кои известува организацијата во континуитет со години наназад. Ова е обраќање до сите што со своето дејствување се обидуваат да му наштетат на угледот и длабоката доверба која ЦИВИЛ ја ужива од целокупната јавност, од сите граѓанки и граѓани на Република Македонија. Денеска им се обраќаме директно и јавно, не затоа што овие факти и ставови не се познати, туку за и нив да ги потсетиме дека нема да им ги заборавиме нивните недела против демократијата, човековите права и против достоинството на огромен број луѓе во нашата земја.  

ЦИВИЛ ја осудува секоја постапка на кршење на законите и Уставот, секаков вид на говор на омраза, лага и клевета, без оглед на тоа дали се работи за Претседателот на Македонија, било кој лидер на партија или медиум. Тоа сме го докажале многупати до сега и ќе продолжиме на тој начин. Тоа се однесува и на секој што има релација со ЦИВИЛ, без оглед на тоа дали е раководител, член, соработник, поддржувач или набљудувач.

Сите се еднакви пред законот.

Сите се третираат подеднакво и пред Статутот и Кодексот на ЦИВИЛ.

Тоа го знаат сите граѓанки и граѓани на Македонија, дури и оние за кои мислите дека сте ги убедиле во лагите кои треба да ги одбранат вашите газди.

Знаеме дека демократијата, слободата на изразување, владеењето на правото и еднаквоста ви се туѓи, но ние ќе останеме посветени на тоа постојано да ги промовираме и да ги практикуваме.

Пренесете им на вашите газди дека нема да дозволиме да го одвлечат вниманието од одговорноста за корупцијата, изборната измама и за суровоста со која владееја 11 години.

Нема да ви успее да ги тргнете очите на јавноста од сето зло во кое учествувавте како верни пци.

Вашата континуирана црна пропаганда и подлите лаги, а уште помалку релативизирањето и спиновите нема да ви помогнат. Со ништо не можете да ја намалите штетата од сиот отров што го излеавте овие години. Ги научивте децата и младите на омраза, на вулгарност и насилство, а сега квичите.

Допрва ќе го жнеете тоа што сте го посеале. Допрва ќе видите што предизвикавте со своето неодговорно, непресметливо и злобно однесување.

Вие сте олицетворение на говор на омраза и црна пропаганда. Ние ќе ви возвратиме со вистина, професионализам, објективност, но и со силата законот. На заштитата што ја имавте долги години од контролираното судство ѝ се бројат деновите.

Ќе одговарате за секој збор на омраза, за секоја лага и клевета што сте го објавиле сите овие години. Секој од нас лично ви го ветува тоа.

Да живее слободата!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English