Охрид: Власта ги засилува притисоците

ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува со своите активности во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(ќ)и“. Регионалната работна група од Охрид, вечерва одржа средба на која присуствуваа претставници на локалните граѓански здруженија, претставници на политичките партии од опозицијата и една регионална телевизија.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка криза и за тоа дали се создаваат услови за слободни избори во Република Македонија. Истакнат беше недостатокот на дебата во медиумите на локално ниво. Користењето на заштитени лични податоци со цел вршење на притисоци, како и се по жестоките притисоци врз ранливите категории: корисници на средства за нега на трето лице, па дури и пациенти на списоци за операција, се само дел од посочените проблеми.

DSCN4677Потенцирана беше улогата на граѓанските организации во преговарачкиот процес, особено како врска меѓу проблемите на граѓан(к)ите, меѓународната заедница и политичките центри на моќ во Република Македонија. Дел од присутните истакнаа дека на крајот силата е во граѓан(к)ите кои треба да ги детектираат неправилностите и корупцијата кои се случуваат и да ги пријавуваат.

Регионалната работна група е ад-хок тело кое се формира во рамките на проектот: “Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани”, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish