Новинарка на ТВ Сител набркана поради критика за Јанкуловска

Новинарката во Утринската програма на ТВ Сител, Кристина Атовска, наместо цвеќе за 8 Март, добила раскин на договорот со медиумот, бидејќи напишала колумна во порталот „Позитив“, во која ја критикува поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Атовска за ЦИВИЛ Медиа изјави дека уредникот на Утринската програма на ТВ Сител, Александар Блажевски и соопштил дека е отпуштена од работа, бидејќи напишала критична колумна против Јанкуловска, но и дека Блажевски само ја пренел одлуката на раководството на медиумот.

Kristina Atovska, SITEL

Кристина Атовска

Таа во колумната напишала: „Срамно е Јанкуловска да зборува за противправно лишување од слобода како мерка за притисок. Притворените студенти од протестот се сеќаваат на оваа мерка на Јанкуловска. Томислав Кежаровски, а и Љубе Бошкоски, исто така, имаат многу да кажат на оваа тема. Срамно е да зборува за ПРАВНА држава, министерката која себеси се смета за посилна од правото. (Последната одлука на Уставен суд за можност за помилување за изборен криминал го докажува тоа). Така, дури и во случај да биде осудена, (случај оспоруван од судиите), таа ќе биде помилувана. Уставно. Па така, Јанкуловска е над Уставот. Навистина правна држава. Срамно е Јанкуловска да зборува за двојни стандарди, кога сите се сеќаваме на нејзините зборови од бомбите: државна работа на првиот кат, партиска работа еден кат погоре – две во едно...“

Атовска хонорарно била ангажирана во ТВ Сител од август 2014 година, а покрај хонорарната работа во телевизијата, била ангажирана и во порталот „Позитив“. Таа истакна дека отсекогаш ја почитувала уредувачката политика на телевизијата, согласно новинарските стандарди.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian