Нова серија семинари на ЦИВИЛ: Поинтересни и поинтензивни од кога и да е

ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, посветени на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy.

Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи во Штип на 28 септември (сабота), во хотел Оаза со почеток во 10 часот. Повикот за учество на семинарот трае до 25 септември (среда).

кликни: АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

На семинарот може да се пријават сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините во Источниот плански регион: Берово: Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.

Еден од семинарите на ЦИВИЛ со проектот „Граѓански објектив“ во Штип, 2018 година. / Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Од ЦИВИЛ соопштуваат дека за пријавување, покрај добра волја, позитивната енергија и ентузијазмот, неопходно е да се пополни и онлајн апликацијата за учество. Пријавите ќе бидат верификувани и одобрени од страна на посебна комисија.

Според информациите, семинарите на ЦИВИЛ во новата сезона ќе бидат извонредно интензивни, а една од главните цели е да им помогнат на учесничките и учесниците да се стекнат со практични знаења за мониторингот, објективното и навремено информирање и известување, со користење на придобивките од новите медиуми, комуникациски технологии и платформи. На семинарите ќе биде посветено  и посебно внимание на темите како: транспарентност и одговорност, говор на омраза, лажни вести и корупција, како и на заштитата на човековите права и слободи.

Луѓето немаат време за бескрајни предавања. Светот брзо се менува. Мораме, не само да бидеме подготвени за тие промени, туку да бидеме дел од нив. Семинарите на ЦИВИЛ се можност да споделиме вредни искуства, но и да се запознаеме со потенцијални соработници во идните проекти.“ - гласи постот на организацијата на Твитер и Фејсбук.

ЦИВИЛ Тим за комуникации


АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО


РЕСУРСИ ЗА ПОДГОТОВКА НА УЧЕСНИЧКИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ НА СЕМИНАРИТЕ НА ЦИВИЛ

НИЕ СМЕ МЕДИУМИТЕ!

https://clp.mk/nie-sme-mediumite-vol-2/

ПОСЕТЕТЕ ЈА И ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА НА ЦИВИЛ

Лајкнете ги Фејсбук страниците:

ЦИВИЛ.МК

ГРАЃАНСКИ НОВИНАР(К)И

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English