Манипулации и кршење на гласачкото право

Презентација и дебата, проект: Моето гласачко право

 ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи презентација на своите најнови согледувања за манипулациите и кршењето на гласачкото право во Република Македонија на 31 март 2015 (вторник), во ГЕМ Клуб (Стара Чаршија), со почеток во 11 часот.

На презентацијата ќе се поделат и материјали за проектот и извештаи од набљудувањето на претходните изборни процеси во земјата.

Освен за медиумите, овој настан е отворен за граѓанските организации, претставниците на политичките партии и други заинтересирани.

Моето гласачко право е проект на ЦИВИЛ – Центар за слобода кој има цел да ја зајакне јавната свест, да едуцира и мобилизира граѓански ресурси за заштита на гласачкото право и демократските стандарди.

Проектот вклучува низа активности низ целата земја, меѓу кои е и формирање на тимови за мониторинг на изборните процеси и состојбите на човековите права.

Исто така, ЦИВИЛ ќе одржи и семинари за едукација и вмрежување на организации, граѓански иницијативи и поединци за да се создадат услови и капацитети за вклучување на граѓан(к)ите во активностите за мониторинг на изборните процеси и човековите права и слободи воопшто.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English