Македонија: Преглед на дневни настани (16 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (16 јуни 2016 година): Уставниот суд не закажа седница за СЈО ||  СДСМ прашува кој е кумот на новото задолжување? || Ниеден спин, ниту говор на омраза нема да ја скријат вистината! || Празни возила на „Брза помош“ злоупотребени за оцрнување на Шарената револуција! || Вчера напредок, денеска застој - Преговорите прекинати || СЈО: Судијата ги пречекорил овластувањата || Министерот за правда ги прими штрајкувачите од судската администрација, но не кажа до кога и како ќе ги исполни барањата

timeline

Уставниот суд не закажа седница за СЈО

Уставниот суд на наредната седница закажана за во среда нема да расправа за иницијативноста за уставноста на Законот за Специјалното Јавно обвинителство. На дневниот ред што го објави Уставниот суд се најдоа неколку други иницијативи, вклучувајќи ги оние за Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински помагала, како правилата за снабдување со топлинска енергија, но нема објаснување зошто ја нема иницијативата за уставноста на СЈО.

СДСМ прашува кој е кумот на новото задолжување?

download

Скандалозно, темпото на задолжување на државата под команда на Никола Груевски продолжи дури и кога Министерството за финансии немаше министер.

Министерството за финансии во текот на вчерашниот ден објави проспекти за аукција на државни хартии од вредност што значи ново задолжување на домашниот пазар! Во чие име, и со чиј потпис и согласност,  Министерството за финансии ги објави проспектите за новата аукција закажана на 21 јуни 2016?

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески депонирал оставка на 14 јуни 2016, а новиот кандидат за министер кога беше најавена аукцијата се уште не беше официјално именуван во Собранието на Република Македонија.

Бидејќи кумот на Груевски - Ставрески се повлече, токму Груевски е должен да им објасни на граѓаните кој е „кумот“ на новото задолжување.

 Ниеден спин, ниту говор на омраза нема да ја скријат вистината!

Screenshot (6)

Вчерашната „герила“ акција на дел од активистките и активистите кои со пораката „Ние сме лудаци!“,  делеа чоколади на демострантите на Шарената револуција и ја парафразираа познатата „изјава“ на Зоран Ставрески:„Немаме за леб, а трошиме за чоколади!“, пионите на власта, распоредени по медиумите и социјалните мрежи, веднаш ја нападнаа со говор на омраза и навреди.

„Ние сме лудаци!“ е цитат на изјава на Ставрески, а не парола со која ЦИВИЛ – Центар за слобода обвинува душевно болни лица?! Изјавата на Ставрески ќе остане запаметена во историјата на оваа земја и никаков спин, ниту говор на омраза, не можат тоа да го избришат. Ништо не може да ја скрие вистината за тешките злоупотреби, криминалот, насилството и грабежот. И секако, ќе останат запаметени сите што ја извитоперуваат вистината и спинуваат на највалкан можен начин, криејќи се зад „онлајн бандите“ кои се ангажирани од штапските началници. Ќе бидат запаметени, како пример за тоа како не треба човек да се однесува и како не треба да се злоупотребуваат социјалните мрежи, а уште повеќе, за тоа – како не треба да се злоупотребува професијата и професурата за да се докаже понизност и послушност кон осомничени за тешки недела.

Празни возила на „Брза помош“ злоупотребени за оцрнување на Шарената револуција!

13445477_10208247479158517_5978429562157259547_n

Празно возило на „Брза помош“ денеска намерно помина низ блокадата на Шарената револуција на сообраќајот на мостот „Гоце Делчев“. И тоа, два пати…

Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото. Но, во исто време, се појави екипа на неделникот „Република“ да го фотографира настанот, а демонстрантите ја исвиркааа, довикувајќи: „Ало началниче!“. По кусо време, истото возило на „Брза помош“ се врати назад од насоката од којашто дојде и повторно сакаше да помине! По откривањето на проѕирниот обид за измама на јавноста, демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги присутните фоторепортери – да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Вчера напредок, денеска застој - Преговорите прекинати

liderska

Вчера напредок, денес застој. Преговорите во Пржино прекинати. Политичките партии побарале дополнителни консултации по несогласувањето околу пречистувањето на Избирачкиот список. Евроамбасадорот Аиво Орав,по кусиот состанок, им порача на партиите дека немаат време за чекање: „Завршивме за денес. На партиите им е потребно повеќе време за консултации во нивните рамки и ДИК. Времето е пари. ЕУ е секогаш на располагање за продолжување на преговорите.“

СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ дека бега од фер и регуларни избори. Преговорите завршиле неуспешно поради неможноста претставниците на партиите, потписнички на Договорот од Пржино да се договорат за Избирачкиот список, како ќе постапуваат  со спорните 330.000 гласачи и начинот на регулација на медиумската сфера.

Амбасадорот на САД Џес Бејли изјави дека меѓународните претставници интензивно работат на имплементација  на Договорот од Пржино.

СЈО: Судијата ги пречекорил овластувањата

13410836_1138520479502201_1735303701_o-200x133

Додека СЈО вложи жалба во која бара Кривичниот суд да го врати во притвор Горан Грујовски, првоосомничениот во случајот „Тврдина“,  министерот Митко Чавков чека суспендираниот началник на Петата управа да се врати од боледување, а правниот тим на МВР да одлучи дали дали Грујовски кој е осомничен за уништување на опремата за прислушување, може да се врати на началничката позиција во УБК.

Специјалното обвинителство веќе ги обжали одлуките на судијката Александра Поп Стефанија која оцени дека „Тврдина“ не е во надлежност на СЈО. Од тимот на Катица Јанева тврдат дека судската одлука има суштествени повреди на законот. Судот на крајот на март еднаш одлучи да го прати во притвор Грујовски, но по аболицијата, СЈО го обнови барањето, а судот оцени дека случајот „Тврдина“ не е поврзаа е не е произлезен од нелегално следените комуникации.  СЈО вложи жалба и за одлуката на судот поради оценката за ненадлежност да ги одбие и барањата за одземање на пасошите на останатите четворица осомничени во „Тврдина“, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска, со образложение дека судот направил суштествени законски повреди.

Министерот за правда ги прими штрајкувачите од судската администрација, но не кажа до кога и како ќе ги исполни барањата

Min za pravda

Членови на Синдикатот од УПОЗ и на Здружението на судска администрација конечно седнаа на заедничка маса со министерот за правда Валдет Џафери. На состанокот Џафери признал дека се оправдани барањата на судската администрација за изедначување во додатоците на плата со нивните колеги од обвинителствата, но не им ветил рок до кога и како ќе се спроведат барањата во пракса.

Правдата тропна на вратата на главниот „Транспортер“

transporter

Kуќен притвор во траење од 30 денови за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, определи денеска Основниот суд Скопје 1 од Скопје.

Според соопштението, Судот ја изрече оваа мерка, преиначувајќи го решението на судијата на претходна постапка, по повод предлогот на СЈО за определување мерка притвор за осомничениот градоначалник во случајот „Транспортер“.

Судот ја одби како неоснована жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 14-ти овој месец, како и жалбата на осомничениот. Притворот за Талески ќе се смета од моментот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, согласно со чл. 165, т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Надзор на куќниот притвор ќе врши битолската полиција.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English