Конституиран новиот состав на Собранието

Со гласовите на 110 пратеници, од 115 присутни, се верификуваше мандатот на новите пратеници, избрани на предвремените парламентарни избори,  кои го формираат деветиот состав на Собранието ан Република Македонија. Не гласаа петтемина пратеници од Беса, кои побараа Собранието да не го верификува мандатот на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, поради пресудата од Хашкиот суд за воени злосторства. Мендух Тачи, лидерот на ДПА во оставка, не присуствуваше на оваа седница. 

Со седницата заседаваше претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Велјановски.  Како негови заменици беа назначени пратениците Стојан Миланов и Јусуф Хасани. Седницата започна со процедуралната забелешка на пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, кој посочи дека седницата треба да ја води највозрасниот пратеник.

untitled

„Сметаме дека господинот Вељановски во овој момент не треба да претседава со седницата, конститутивна во Собранието, заради тоа што и парламентарната пракса и деловничките одредби говорат дека најстариот пратеник во Собранието на Република Македонија, највозрасниот по години, треба да претседава со конститутивната седница.  Ако ги погледнете стенограмските белешки на Собранието на Република Македонија, ниту во 2011 година, ниту во 2014 година, не сте претседавале со седницата на Собранието на Република Македонија, туку претседавал највозрасниот пратеник во Собранието“, изјави Спасовски.

На ова, Вељаноски одговори дека треба да се следи Деловникот на Собранието, а не праксата, бидејќи тој има поголема тежина од неа.

За претседател на Комисијата за верификација на мандатите беше назначен Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, а за заменик Петре Шилегов од СДСМ. „Комисијата констатитра дека нема основ за оспорување на мандатите на 120-те пратеници„, рече Ѓорчев, по паузата кога, Комисијата за верификација се состана со раководството на Државната изборна комисија.

Точката за избор на претседател на Собранието, претседавачот Трајко Вељаноски ја одложи за тогаш кога ќе се создадат услови за тоа.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 51 мандат, коалицијата предводена од СДСМ 49-мандати, ДУИ-10, Беса -5, Алијанса на Албанците-3 и ДПА-2 мандата.

Во овој парламентарен состав нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.

Новиот собраниски состав ќе има 62 нови и 58 пратеници од минатиот состав.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, дотогаш стариот состав продолжува на функционира технички.

Со верификацијата на пратеникиот мандат престануваат и сите други фунции на кои досега биле пратениците, а кои се неспоиви со пратеничката.

Print Friendly, PDF & Email